Home » Вести » Храна на попуст секој ден од неделата – супер акција на Grouper!
10562959_727323830658961_1795747772969837057_n

Храна на попуст секој ден од неделата – супер акција на Grouper!

Фрлете ги тавите и тенџерињата, заборавете на пазарење состојки и готвење по дома и уживајте во разновидната вкусна храна со попуст од 50%. Водечкиот сајт за групни попусти – Grouper.mk  спроведува супер гурманска акција наречена Недела на храна, уникатна  и вистинска гурманска идеја.

За оние кои сакаат благо има торта по избор, следуваат нови искуства со индиската кујна, традиционално јадење од познати гостилници, свежо приготвени салати и сокови, пица и уште многу изненадувања. Ваше е само да следите секојдневно какви понуди ќе бидат сервирани и потоа да ги пробате. Има доволно, за секој ден од неделата.

Print

Интересно е што кога понудите ќе завршат, за онаа зделка која ќе има најмногу продадени купони ќе се сними и видео рецепт во познатата кулинарска емисија на Фичо – “Мои рецепти”. На овој начин она што ќе биде најпопуларно ќе научите како да го подготвите и дома.

Grouper за сите понуди од Недела на храна обезбеди и дополнителен попуст од 20% на дополнителни услуги од менито на рестораните кои учествуваат во акцијата.

Повеќе за оваа идеја може да прочитате и на блогот на сајтот, а видеото од емисијата  “Мои рецепти” каде главен лик е Групко може да го погледнете и тука.

Уживајте во понудите со храна.