Home » Вести » Елтон Џон е горд за законското признавање на геј луѓето во Англија
Elton John and partner David Furnish-1274953

Елтон Џон е горд за законското признавање на геј луѓето во Англија

Британскиот пејач Елтон Џон најави дека ќе се венча со неговиот долгогодишен партнер Дејвид во мај. Одлуката е донесена по официјалното легализирање на истополовите бракови во Велика Британија. Во неговото гостување на емисијата Today на NBC, познатиот музичар рече дека планира мирна свеченост.

– Тоа ќе биде едно радосно доживување кое ќе го прославиме заедно со нашите деца.

Елтон Џон и Дејвид Фурниш граѓанското партнерство го направија во 2005 година, имаат два сина. Истополовиот брак во Велика Британија е легализиран минатиот викенд.

Elton+NPH+stroll+through+Saint+Tropez+JaATv0PE624l

– Многу сум горд на Британија и законот кој го донесе.  Нашето граѓанско партнерство беше неверојатно откритие за луѓето кои се труделе со години, во 50-тите и 60-тите кога во Англија беше тешко да се зборува отворено за геј луѓето и кога тоа беше криминален чин, изјави Елтон Џон.

Затоа Елтон Џон смета дека оваа легислатива е вистинска радост и треба да се слави.