Home » Вести » Ѕвездите во посета на местата со најмногу климатски промени – нова документарна серија (трејлер)
2014 Winter TCA Tour - Day 8

Ѕвездите во посета на местата со најмногу климатски промени – нова документарна серија (трејлер)

Документарната телевизиска серија која се фокусира на климатските промени и ќе ве замисли многу ќе се промовира на 13ти април. Продуценти на серијата се докажаните Џејмс Камерон, Џери Веинтрауб и Арнолд Шварценегер. Во овој проект вклучени се Мет Дејмон, Џесика Алба, Америка Ферера, Харисон Форд, Шварценегер и др.

Епизодите се содржат од патување на познати ѕвезди на местата кои се загрозени од глобалното затоплување и ги интервјуираат експертите и локалното население за нивниот поглед на влијанието на климатските промени.

Многу интересен проект кој има цел да ги отвори очите на луѓето за сериозните промени кои ги прави природата во денешно време.