Home » Вести » “Рајмонда” утре во МОБ
unnamed (2)

“Рајмонда” утре во МОБ

Утре, 26 март, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Рајмонда“, еден од бисерите на балетската класика.

„Рајмонда“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Во улогата на Абдурахман, ќе настапи гостинот од Украина, Иван Бојко. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.

„Рајмонда“ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија, што ги изработи нашето атеље, под менторство на гостите од Украина: Гана Ипатиева и Андреј Злобин.