Home » Вести » Наскоро нови емотикони: Жена со хиџаб и мајка која дои бебе
unnamed-4

Наскоро нови емотикони: Жена со хиџаб и мајка која дои бебе

Корисниците на социјалните мрежи, особено оние кои користат емотикони наскоро ќе добијат и нови кои се веќе одобрени од страна на Уникод. Најголемо внимание на Твитер привлече жената со хиџаб.

Уникод одобри дури 56 нови емотикони, а на корисниците особено интерeсни им се оние за доење, хиџаб, лотос позицијата и мажот со брада.

unnamed-6

Меѓу останатите се и летечка чинија, вампир, Т трекс, сендвич, брокула и пар чорапи. Списокот на нови емотикони ќе биде завршен до средината на 2017 година.