Home » Вести » “Најдоброто од најдобрите” – василичарски концерт во МОБ со македонските ѕвезди!

“Најдоброто од најдобрите” – василичарски концерт во МОБ со македонските ѕвезди!

Македонската опера и балет ја продолжува традицијата со концертот по повод празникот „Василица“ па така во понеделник, 12 и вторник, 13 јануари, 2015 ке се одржат два концерти насловени како „НАЈДОБРОТО ОД НАЈДОБРИТЕ“. Се работи за колаж на најдобрите нумери од трите поранешни концерти „Swing&Jazz“; „Македонски евергрин“ и „Филмски ноти“.

vasilica

Годинава ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Влатко Лозановски, Нина Јанева, Сара Мејс, Александра Јанева, Ѓоко Танески,Џон Илија Апелгрен, , Маја Гроздановска – Панчева, Дејан Бобиќ – Дексо, Горан Наумовски, , Горан Папаз, Марија Димитријевиќ, Александар Тарабунов и оперските солисти, Владимир Саздовски, Сандра Митровска, Марјан Стојановски, Наде Талевска -Спасовска, Ѓорѓи Цуцковски, Весна Гиновска-Илкова, хорот и оркестарот на МОБ.