Home » Вести » Лејди Гага влезе во историјата на Супер Боул
unnamed (9)

Лејди Гага влезе во историјата на Супер Боул

Лејди Гага вчера вечер настапи на полувремето на Супер Боул во Тексас, и преку своите хитови им посвети суптилна порака на политичарите.

unnamed (8)

Пред својот настап пејачката изјавила дека нејзиниот настап ќе биде во духот на еднаквоста, љубовта и сочувството за земјата што ја сака, а изборот на песната со која таа го отвори шоуто го потврди само тоа.

Настапот го започна со микс на двете патриотски песни “God Bless America” и “This Land is Your Land”, кои во изминатите неколку ендели постанале химни на демонстрантите кои се борат против политиката на Трамп и неговата имиграциона забрана.

unnamed (10) unnamed (11) unnamed (12)

Иако музичките звезди имаат обичај на своите настапи на Супер Боул да поканат и гости, тоа не беше случај со Гага. Таа целиот полувремен настап на стадионот НРГ во Хјустон го посвети со своите најголеми хитови.

https://www.youtube.com/watch?v=txXwg712zw4