Home » Вести » Каков скокот имате?
unnamed-1

Каков скокот имате?

Ако некогаш сте се обиделе да се скокоткате самите, веројатно сте сфатиле дека тоа не е можно, бидејќи немало никаков смешен ефект. Тоа е затоа што мозокот реагира само на допир кој не е очекуван. Психологот Стенли Хол назад во 1897 година открил дека постојат два типа на скокот – оној ​​што предизвикува смеа и друг кој тоа не го предизвикува.

Кога некој, на пример, не скокотка на нозете, почнуваме да се смееме, затоа што тоа не сме го очекувале. Мозокот е изненаден. Во такви ситуации, ние почнуваме да паничиме кое резултира со неконтролирано смеење. Во однос на тоа, Џорџ Ван Дом, од Универзитетот Монаш во Австралија, вели скокоткањето на себе доведува до потребата за одговори на прашањата на свест и самосвест, на кое што сеуште се работи и се спроведуваат некои експерименти.