Home » Вести » Како се станува милионер преку ноќ?
penge2

Како се станува милионер преку ноќ?

Радоста е голема на жителите на едно мало шпанско село Cerezales del Condado во Шпанија по веста дека тие станале милионери и тоа преку ноќ.

Секој од 80те селани на својата сметка примиле повеќе од два милиони долари по смртта на милијардерот Антонин Фернандез, кој му помогнал на Групо Модели да започне со производство на пивото Корона. Тој почина во август на возраст од 99, и во неговиот тестамент срдечно покажал дека не ги заборава своите корени.

unnamed-13

Фернандез е роден во сиромашно семејство во селото Cerezales del Condado. Тој беше еден од седумте деца. Со 14 години тој морал да го напушти училиштето, бидејќи неговите родители не можеле да си дозволат.

  • Претходно немавме многу пари, незнам ни што ќе правевме да не беше Антонин, изјавил сопственикот на еден локален бар.

Фернандез бил познат филантроп кој за своите дела бил наградуван и од шпанскит крал.