Home » Вести » Јоксимовиќ ја натпеа арената Филип Втори
Жељко-Јоксимовиќ-концерт-во-Скопје-17

Јоксимовиќ ја натпеа арената Филип Втори

Најкоментираниот член на жирито на првиот балкански X Factor докажа дека сепак има зошто зад него се крева толку голема врева. Со тоа што ја наполни арената Филип Втори тој докажа дека е вистинска ѕвезда и има многу фанови. И не само тоа, дека е и вистински колега покажаа гостувањата на Бора Ѓорѓевиќ, Лепа Брена, Жељко Самарџиќ и нашиот победник на музичкото шоу, Даниел Кајмакоски.

Жељко-Јоксимовиќ-концерт-во-Скопје-7                            * фото: Утрински весник (Петар Стојановски)

Жељко имаше речиси тричасовен музички концерт кој фановите долго ќе го паметат. Во публиката имаше од сите генерации а присуствуваа и негови фанови од соседните земји.

Еден концерт и невидена гужва

Инаку и овој концерт покажа дека Скопје не е подготвен за такви масовни настани бидејќи целиот град беше блокиран поради многуте возила кои се упатуваа накај арената Филип Втори. Епа треба да се замислиме како би организирале концерти на светските ѕвезди!?