Home » Вести » Маскота во Скопје направи Ice Bucket Challenge – кој е предизвикан?
10553328_716136021777742_6432759027337497187_n

Маскота во Скопје направи Ice Bucket Challenge – кој е предизвикан?

И Групко се вклучи во акцијата Ice Bucket Challenge која стана вистински хит на сите социјални мрежи. Забавен аспект но сериозна и хуманитарна цел. Водечкиот сајт за групни попусти реши да ја започне оваа акција и ги предизвика на следен предизвик актерот Сашко Коцев,  Фичо од  “Мои рецепти” и Никола Бојков од IM.mk. Тие имаат вкупно 24 часа да го реализираат предизвикот.

Ice Bucket Challenge стана вирален феномен во кој учество земаат од најпознатите холивудски ѕвезди до сите граѓани. Предизвикот е да истурите ладна вода со мраз на себеси и да предизвикате други луѓе кои истото треба да го направат. Од оние кои нема да го направат предизвикот се бара да донираат средства кои ќе се користат за истражувачки цели и помош на лицата болни од Amyotrophic lateral sclerosis (ALS).

Mickey-Rourke-Ice-Bucket

Идејата да се започне со ова е на ALS Association – непрофитна организација која има за цел да им помогне на луѓето со болеста ALS а целта е да се зголеми свеста на луѓето за болеста која постои и може да предизвика целосна парализа на човекот. Бил Гејтс, Шакира и Пике, Роналдо, Марк Цукенберг, Џенифер Лопез, се само дел од светските ѕвезди кои се вклучија во кампањата која до сега има собрано повеќе од 22 милиони долари. До сега се објавени повеќе од 2.4 милиони видеа со Ice Bucket предизвикот.

За ALS

01als

Болеста ALS за прв пат е откриена во 1869 година. Ги напаѓа нервните клетки во мозокот. На тој начин доведува до трајно уништување на нервите кои се поврзани со моториката на телото и во поодмината фаза болеста предизвикува целосна парализа на човекот.

Ice Bucket Challenge за кратко време е премногу успешна вирална кампања која го привлече вниманието и овозможи голем интерес за вклучување во истата. На тој начин се зголемува свесноста дека оваа сериозна болест постои а со собраните средства ќе им се помага на болните од ALS а дел од средствата ќе се искористат за истражување на истата и наоѓање на можен лек или начин на превенција.

Коментари

  1. Петре вели:

    АЛС предизвикува најчесто има смртоносен исход! Целосната парализа е само претпоследен стадиум… Болните обично имаат уште 2-5 години живот :(