Home » Видео » Stadium X снимија видео покана за “Калабалак” на пат за Македонија!
stadiumx

Stadium X снимија видео покана за “Калабалак” на пат за Македонија!

Дејв и Сули, унгарското продуцентско дуо кои соработуваа со Дејвид Гета снимија видео порака за пристигнувањето на фестивалот “Калабалак” во Радовиш. Со ова тие и официјално ве покануваат на одлична журка утревечер со почеток во 20 часот на стрелиштето во Радовиш каде се најавени како главни ѕвезди. Време е за случување на првиот голем музички настан за електронска музика а со тоа и летните журки може да започнат. Од македонските познати ДЈ-и ќе настапат  Александар Галоски, J Ицко – Аntenna 5,  DJ ЗокиПоки,  Оливер Петковски и DJ Mirock. Се гледаме на Калабалак 😉