Home » Вести » Дали гласањето за “Ѕвездите на Гранд” беше наместено?
640387_pobednik-haris-foto-promo_f

Дали гласањето за “Ѕвездите на Гранд” беше наместено?

По финалната емисија на “Ѕвездите на Гранд” која вчеравечер во живо беше во Скопје, салата “Борис Трајковски” публиката одлучи победник да биде босанецот Харис Беркович кој доби комплетно наместен стан во Белград и музички албум а на второто место се пласира Семир Јахич кој доби автомобил и песна. Нашиот натпреварувач Филип Божиновски беше на третото место а вториот македонски учесник кој беше во финалето Ален Хасановиќ беше на четвртото место. Но, дали гласањето беше наместено?

Фановите на Хасановиќ на неговата официјална фан страница објавија фотографија од порака каде не е овозможено гласањето за својот фаворит.

11705324_481474742030134_8854465425080709953_n

Пораката која ја добија многу од гласачите

 

Ова дава доза на сомнеж дали регуларно се одвивало целото гласање или се работи за технички непланирани прекини поради многуте гласови.

Веројатно ова нема сериозно да се разгледува од организацијата на музичкото шоу а многумина коментираат дека Лепа Брена е таа која што диктирала кој да победи. Како и да е, се е ова засега шпекулација и сомнеж, а дали ќе промени нешто не се знае.

11202068_10207137852314762_5934874040135613432_n

 

11411634_708302572608687_8300545047372059536_o

Во секој случај, нашите двајца натпреварувачи уште еднаш потврдија дека Македонија нуди вистински таленти и на нив треба да бидеме горди.