Home » Вести » Аpple Watch остана без сензорите за здравје!
f7c94ba8a971feb90ab3c2394e50ee21

Аpple Watch остана без сензорите за здравје!

Како што се приближува лансирањето на Apple Watch, Wall Street Journal во свој натпис сумираше како се одвиваше целиот процес од 4 години на креирање на паметниот часовник, огромни вложени средстца како и грешки и проблеми со кои се соочило раководството во текот на креирањето на новиот производ. Apple Watch кој е креиран и како уред за испраќање на здравствени параметри, иницијално требало да има сензори кои ќе го следат срцето, нивото на стрес и крвниот притисок.

Од сето тоа, останат е само системот за следење на работата на срцето бидејќи останатите не функционирале како што тимот на  Apple посакувале. Тим Кук дошол до заклучок дека сеуште не е дојден моментот за лансирање на уред кој ќе служи за мониторинг на здравјето, посебно кога е во прашање нов уред на Apple Watch. Овој гаџет треба да биде промовиран во април по цена од 349 долари за регуларна и 4000 долари за златна верзија.