Спортска меана – 10 години успешна приказна

Во саботата (16.09.2017 година) кафеаната “Спортска гостилница” со локација во Ново Лисиче го прослави својот јубилеј 10 години успешно постоење. За забавата се погрижи неверојатната Анабела (Funky G) која се прикажа во одлично светло, овозможувајќи им на присутните одлична забава. 

Забавата на која присуствуваа голем број познати спортски имиња продолжи до раните утрински часови со настап на домашните изведувачи Соња Тарчуловска, Даниел Кајмакоски и Адам Лабунски.

“Спортска гостилница”, која пред десетина години ја започна својата приказна денес претставува место каде гравитираат познатите спортисти, вистински познавачи на добрата храна и љубителите на добра забава.

“Спортска гостилница” е едно од најпосетуваните места во Општина Аеродром. Убавата местоположба и пријатната атмосфера во кафеаната ви овозможуваат да заборавите на динамичниот начин на живеење и да се опуштите од секојдневните обврски.

Пред десет години водени од идејата дека имаме потреба од место каде може да уживаме во вкусна храна и притоа да следиме спортски натпревари, решивме да отвориме мало кафанче, иако во тоа време беше несвојствено во кафани на телевизор да се следат спортски натпревари. Како пионери во тој дел, малото кафанче прерасна во реномирана “Спортска меана” сега со капацитет за 180 луѓе, со истата вкусна храна и најдобрата атмосфера за следење на спортски натпревари. Покрај натпреварите, меаната нуди уживање во семејни и деловни ручеци, како и можност за најразлични прослави, а за време на викендите и место за забава со познати бендови и настапи во живо.” – ни раскажа сопственикот Јован Трајков.

Покрај прославата на јубилејот, кафеаната се ребрендираше во “Спортска меана”.

Постоењето на оваа кафеана е причина за голем број задоволни посетители, а заслугата за досегашниот успех “Спортска меана” ја посветува на своите вработени и секако на посетителите, кои без исклучок се најзаслужни за креирањето на оваа успешна приказна.

 

SHARE